НОВОСТИ

ОСПОСОБУВАЊЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО МОТОРНО ВОЗИЛО ЗА ДЕЦА

Службен весник бр.11 од 18.01.2018 година

Дете може да се стекне со право на оспособување за управување со моторно возило од Б категорија, доколу ги исполнува следниве услови:


1. Да наполнило 17 години возраст;
2. Да поседува лична карта;
3. Да е здравствено и психофизички способно да управува со моторно возило;
4. Да има завршено најмалку основно образование;
5. Да има согласност од двајцата родители, законскиот застапник или старателот, заверена на нотар;


Оспособуањето за управување со моторно возило на дете се врши согласно со одредбите од овој Закон, со зголемен број наставни часови од практичниот дел на наставната програма за 30 % во однос на бројот на наставни часови од практичниот ден на наставната програма предвидени за останатите кандидати за возачи.

За оспособување за управување со моторно возило на дете, во смисла на овој Закон, исклучиво се применуваат одредбите од овој член.


Овој Закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник” на РМ, односно од 26 Јануари 2018 година.

Copyright