Категории на возачки дозволи

   
Категоријата на возачката дозвола е доказ за категоријата на возило со кое имателот може да управува во сообраќајот на патиштата. Поделбата на катергориите е на следниот начин:


   
А категорија- во која спаѓаат мотоциклите (предвидени 15 наставни часа)  

Б категорија- тука спаѓаат моторните возила чија најголема дозволена тежина не преминува 3.500 кг и чиј број на седишта, не сметајќи го седиштето на возачот не надминува 8 седишта (предвидени 30 наставни часа)

 
Ц категорија- во оваа категорија спаѓаат возилата за превоз на предмети чија најголема тежина преминува 3.500 кг (предвидени 36 наставни часа)  
Д категорија- спаѓаат возилата за превоз на лица во кои покрај седиштето на возачот има повеќе од осум седишта (предвидени 16 наставни часа)  
Е категорија- во оваа категорија спаѓаат оние групи возила (моторно возило со приклучена приколка) чии влечни возила спаѓаат во Б, Ц, и Д категорија (предвидени 6 наставни часа)


 
 
  Забелешки:
*Ако на возило од Б, Ц и Д категорија му се придодаде лесна приколка чија најголема дозволена тежина не преминува 750 кг, за овие возила е потребно возачот да поседува и возачка дозвола од Е категорија.
*Моторно возило од Б категорија може да влече приклучно возило без да има возачка дозвола од Е категорија под услов тежината на приклучното возило да не е поголема од влечното возило и заедничката нивна тежина да не преминува над 3.500 кг.
*Возач кој има возачка дозвола од Д категорија може да управува со моторно возило од Ц и Б категорија , а ако поседува Ц категорија може да управува и со возило од Б категорија
-Возач кој има возачка дозвола од Б, Ц и Д категорија неможе да управува со мотоциркл ако нема возачка дозвола од А категорија.