| Има
неколку причини зошто се одлучувме да ја отвориме оваа web страница. Како
прво сакаме да се представиме на што поголем број потенцијални кандидати,
сваќајки го интернет како медиум на индината. Сакаме на непосреден начин да ви ја претставиме нашата авто школа,да ви ги презентираме информациите кои се однесуваат на работата на авто школата и начинот на
полагање на возачкиот испит. Со самото тоа што го читате ова нашата задача
е исполнета т.е сме успеале да ја доближиме нашата авто школа до што поголем
број потенцијални кандидати. Проверете ги линковите од
лево , запознајте се подетално со категориите ,моторните возила со кои се
изведува полагањето, инструкторите ,цените и контактирајте со нас. Уживајте
во престојот !Постапката од одлука за полагање па до добивање возачка дозвола може да се објасни во неколку етапи: |
||||
| Одлука
(проценка на вашето слободно време)
|
||||
| Ако
сте веќе зафатени со некоја друга обврска и немате доволно слободно време,
најдобро би било да го одложите вашето полагање додека не сте сигурни дека
имате доволно време да се посветите на полагањето. Нашето искуство покажува
дека кандидатите кои возат неоптоварени со други обрврски многу побргу и
полесно го поминуваат целиот процес кој е потребен за добивање на возачка
дозвола. |
||||
|
Лекарски преглед
|
||||
Со
лекарскиот преглед добивате уверение за вашата душевна и телесна способност
за управување на моторно возило кое го издава секој Медицински центар. Најдобро
околу лекарскиот преглед е да се консултирате со вашиот иден инструктор
кој ќе ви објасни како се одвива целата постапка на издавање на уверението. |
||||
|
Почеток на обуката
|
||||
| Програмата
за оспособување на кандидати за возачи на моторни возила ги опфака прописите
за безбедноста на сообраќајот на патиштатакои што се однесуваат на: правила
на сообраќајот на патиштата, сообраќајните знаци и нивното значење и знаците
што ги даваат овластените лица кога вршат контрола и регулирање на сообраќајот,
опасностите и последиците кои настануваат поради неправилно и непрописно
превземање дејства во сообраќајот, функционирањето на уредите на моторните
возила што се од значење за безбедноста во сообраќајот, како и содржини
кои придонесуваат за развивање хумани односи и солидарност кон другите учесници
во сообраќајот, постапка во случај на сообраќајна незгода и начини на кои
се укажува прва помош на лице повредено во сообраќајна незгода. |
||||
| Полагање
на возачкиот испит
|
||||
Испитот
се состои од практичен и теоретски дел. Теоретскиот дел ги опфаќа прописите
за безбедноставо сообраќајот во кои спаѓаат правилата за сообраќајот и патиштата,
сообраќајните знаци и нивното значење и знаците кои ги даваат овластените
лица кога вршат контрола и регулирање на сообраќајот. Практичниот дел опфаќа
изведување дејствиа со моторно возило што се од значење за успешно и безбедно
управување на возилото во согласност со правилата на сообраќајот, условите
на патот и за совладување на техниката за управување со возилото.* Пред полагање на теоретскиот дел се одржуваат бесплатни конслутации, а пред полагањето на практичниот дел бесплатно пробно возење; * Испитите се одржуваат еднаш неделно; * Во случај да кандидатот не го положи практичниот дел после третиот пат, следните три обиди се бесплатни како гаранција за квалитетот на обуката; |
||||
| Возачка
дозвола
После успешно положениот
испит следува издавање на возачката дозвола, која ја издава подрачното
Министерство за Внатрешни Работи, а истата му се врачува во рок од три
дена во просториите на авто школа “ПРИМА“.
|
||||