Ц Категорија
Опис на категоријата:
Во категоријата „Ц“ спаѓаат моторни возила кои не спаѓаат во категориите „Д1“ или „Д“ чија најголема дозволена маса надминува 3 500 kg, а кои се конструирани за превоз на не повеќе од осум патници покрај возачот и истите може да се комбинираат со приколка чија најголема дозволена маса е помала од 750 kg.
Потребни документи и услови:
- Наполнети 21 години возраст
- Најмалку една година да поседува возачка дозвола од категорија „Б“
- Фотокопија од возачка дозвола заверена на нотар
- Лична карта
- Уверение за здравствената и психофизичката способност за управување со моторни возилa
- Доказ за завршено најмалку основно образование на кандидатот за возач (фотокопија заверена на нотар)
- Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач (10 н/ч теор. и 20 н/ч практ.)
- Доказ за уплатен износ на трошоци сврзани со полагање на возачкиот испит
- Пријава за полагање на возачки испит