А2 Категорија
Опис на категоријата:
Во категоријата „A2“ спаѓаат мотоцикли со или без бочна приколка сила на мотор која не е поголема од 35 kw и соодносот помеѓу јачината на мотор и масата на возилото не е поголем од 0.2 kW/kg, но не потекнуваат од возило со двојно поголема моќност.
Потребни документи и услови:
- Наполнети 18 години возраст
- Лична карта
- Уверение за здравствената и психофизичката способност за управување со моторни возилa
- Доказ за завршено најмалку основно образование на кандидатот за возач (фотокопија заверена на нотар)
- Согласност од двајцата родители, законскиот застапник или старателот, заверена на нотар (ако не наполнило 18 години)
- Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач (16н/ч теор. и 16 н/ч практ.)
- Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач од областа на укажување прва помош на лица повредени во сообраќајна незгода (ако не поседува друга катег.)
- Доказ за уплатен износ на трошоци сврзани со полагање на возачкиот испит
- Пријава за полагање на возачки испит
Потребни документи за полагање возачки испит за возач кој поседува „Б“ категорија:
- Наполнети 18 години возраст
- Фотокопија од возачка дозвола заверена на нотар
- Лична карта
- Уверение за здравствената и психофизичката способност за управување со моторни возилa
- Доказ за завршено најмалку основно образование на кандидатот за возач (фотокопија заверена на нотар)
- Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач (4 н/ч теор. и 16 н/ч практ.)
- Доказ за уплатен износ на трошоци сврзани со полагање на возачкиот испит
- Пријава за полагање на возачки испит