Обука

 

Теоретскиот дел од обуката во Автошколата го изведува предавач по теоретска настава со високо образование од областа на сообраќајот и со долгогодишно работно искуство. Потребните учебници и литература се достапни во Автошколата

За извршување на теоретската обука автошколата располага со училница, каде што се одржуваат предавањата. Во наставата се употребуваат различни помошни средства, со единствена цел, кандидатите полесно да го совладаат материјалот и да се подготват за полагање на испитот од познавање на сообраќајните правила и прописи.

Нашата училница е модерно опремена со сите потребни нагледни средства, целосно компјутеризирана. Покрај класичните предавања, наставата се одржува со помош на проекции и презентации.

Можете да нè посетите во пријатен амбиент и да се информирате за условите и можностите на нашата Автошкола. Нашите вработени во целост ќе Ви одговорат на сите Ваши прашања.

Тестирање On-line

Тестирање On-line
(демо верзија)

Лиценца

Сертификат

Прирачник

Copyright