Ц Е Категорија

Во категоријата „ЦE“ спаѓаат група на возила влечени од страна на возило кое припаѓа во категорија „Ц“ на кое може да биде придодадено приклучно возило чија најголема дозволена маса е поголема од 750 kg согласно со прописите од областа на единечно одобрение на возила. 

 
Најмалку 1 година лицето треба да поседува возачка дозвола од Ц категорија.
 
Потребни документи
Да има завршено најмалку основно образование!
Да е здравствено и психофизички способно да управува со моторно возило.
   Доказ - лекарско уверение за соодветна категорија, односно подкатегорија.
Важечка лична карта
Важечка возачка дозвола
 
За категорија ЦЕ кандидатот треба да посетува:
 теоретска настава од 4 наставни часа (1 ден)
 практична настава од 8 наставни часа (4 дена)
 
Возач на кого му е издадена возачка дозвола од категоријата „ЦE“ има право да управува и со моторни возила кои спаѓаат во категоријата „ДE“, доколку поседува возачка дозвола од категоријата „Д“.

Тестирање On-line

Тестирање On-line
(демо верзија)

Прирачник

Copyright