А Категорија

Во категоријата „А“ спаѓаат мотоцикли со или без бочна приколка, како и трицикли со моќност поголема од 40 kw.

 
Право на управување со моторно возило од „А“ категорија може да стекне возач по навршени 21 година кој две години поседува возачка дозвола од категоријата „А2“ или лице со навршени 24 години возраст.
 
Потребни документи
Да има завршено најмалку основно образование!
Важечка лична карта
Да е здравствено и психофизички способно да управува со моторно возило. Доказ - лекарско уверение за соодветна категорија, односно подкатегорија.
Фотокопија од возачка дозвола заверена на нотар, ако лицето поседува возачка дозвола од "Б" категорија. Доколку лицето поседува возачка дозвола од Б категорија полага само практицен дел.
 
За категорија А кандидатот треба да посетува:
 теоретска настава од 16 наставни часа (4 дена)
 практична настава од 16 наставни часа (8 дена)
Доколку лицето поседува возачка дозвола од Б категорија треба да посетува теоретска настава од 4 часа. 
 
 
Возач на кого му е издадена возачка дозвола од категоријата „A“ има право да управува и со моторни возила кои спаѓаат во категориите „АМ“, „A1“ и „А2“.

Тестирање On-line

Тестирање On-line
(демо верзија)

Прирачник

Copyright