А1 Категорија

Во категоријата „А1“ спаѓаат мотоцикли чија работна зафатнина на моторот не е поголема од 125 см³ и чија сила на моторот не е поголема од 11 kw и соодносoт на јачината на моторот и масата на возилото не надминува 0.1 kw/kg, како и трицикли со моќност помала од 15 kw. 


Минимална возраст за управување на возило од А1 категорија е 16 години.
 
Потребни документи
Да има завршено најмалку основно образование!
Важечка лична карта
Да е здравствено и психофизички способно да управува со моторно возило. Доказ - лекарско уверение за соодветна категорија, односно подкатегорија.
Фотокопија од возачка дозвола заверена на нотар, ако лицето поседува возачка дозвола од "Б" категорија. Доколку лицето поседува возачка дозвола од Б категорија полага само практицен дел.
 
За категорија А1 кандидатот треба да посетува:
 теоретска настава од 16 наставни часа (4 дена)
 практична настава од 16 наставни часа (8 дена)
Доколку лицето поседува возачка дозвола од Б категорија треба да посетува теоретска настава од 4 часа. 
 
 
 
 Возач на кого му е издадена возачка дозвола од категоријата „А1“ има право да управува и со моторни возила кои спаѓаат во категоријата „АМ“.

Тестирање On-line

Тестирање On-line
(демо верзија)

Прирачник

Copyright